
Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото.
Преку оваа мерка, младите до 29 години ќе можат да добијат поддршка до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис, додека за лицата над 29 години предвидена е финансиска помош до 7.000 евра. За заедничко основање компанија од страна на повеќе апликанти, поддршката може да достигне и до 20.000 евра.
Од ВЛЕН истакнуваат дека Планот Оперативен 2026, кој изнесува околу 40 милиони евра, има за цел да опфати над 10.000 граѓани преку различни мерки, вклучително самовработување, отворање нови работни места, стручни обуки, практикантство и поддршка за млади, лица со попреченост и други ранливи категории.
Според политичката порака на ВЛЕН, фокусот е ставен на зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард, со цел државата да биде поддршка за граѓаните кои сакаат да ја градат својата иднина во земјата.
Јавниот повик за мерката за самовработување е отворен до 3 јули, а од ВЛЕН упатуваат повик до младите и заинтересираните граѓани да аплицираат во центрите за вработување низ државата.

















