УТРО.мк

Гинов: „Водовод“ Битола вложува над 70 милиони денари во водоводната инфраструктура

Гинов: „Водовод“ Битола вложува над 70 милиони денари во водоводната инфраструктура
Vero

ЈКП „Водовод“ Битола реализира инвестиции од над 70 милиони денари во унапредување на водоводната инфраструктура во Општина Битола, со цел обезбедување поквалитетно, постабилно и посигурно водоснабдување за граѓаните.

Директорот на претпријатието, Андреј Гинов, истакна дека средствата се насочени кон изградба и реконструкција на водоводната мрежа, со што значително се подобруваат техничките услови и се намалуваат загубите во системот.

„Со реализација на повеќе проекти за изградба и реконструкција на водоводната мрежа, обезбедуваме поквалитетно и посигурно водоснабдување. Продолжуваме со инвестиции во современа и одржлива инфраструктура која ги подобрува условите за живот за сите корисници“, изјави Гинов.

Од „Водовод“ Битола најавуваат дека инвестициите ќе продолжат и во наредниот период, со фокус на модернизација на системот и подобрување на услугите кон граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin