
На територијата на државата до 15 часот денеска се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се уште се активни, а два се целосно изгаснати.
Според информациите од надлежните институции, активен е пожарот во Општина Пробиштип кај селото Петршино, каде што е зафатена ниска вегетација. Пожар има и во Општина Свети Николе, на потегот меѓу селата Делисинци и Сарамзалино, каде што исто така гори ниска вегетација.
Третиот активен пожар е во Општина Богданци, покрај локалниот пат Богданци – Стојаково, каде што огнот зафатил површини со ниска вегетација.
Во меѓувреме, пожарникарите успеале целосно да ги изгаснат пожарите во Општина Ранковце кај селото Вржогнци, каде што биле зафатени автомобил и стрниште, како и пожарот во Општина Сарај кај селото Грчец.
Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со активностите за локализирање и целосно гаснење на активните пожари, со цел да се спречи нивно понатамошно ширење.

















