Утрово најниската температура е измерена во Маврови Анови, каде термометарот падна на –1 степен. Потоа следуваат 0 степени во Лазарополе, 1 степен во Крива Паланка и Крушево, 2 степени во Тетово, Куманово, Штип и Виница, како и 3 степени во Велес и Прилеп.
Во Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Битола се измерени 4 степени, додека 5 степени се регистрирани во Гевгелија, Охрид, Берово и Претор.
Најобилни врнежи има во Струмица, каде се регистрирани 50 l/m² дожд. Следуваат:
– Пожар – 34 l/m²,
– Гевгелија – 25,
– Демир Капија – 21,
– Битола и Штип – 20,
– Крива Паланка и Попова Шапка – 19,
– Берово – 18,
– Претор и Пожаране – 16,
– Виница и Крушево – 15,
– Маврови Анови и Тетово – 14,
– Лазарополе – 13,
– Тополчани – 10,
– Скопје-Петровец, Кавадарци и Прилеп – 6,
– Велес и Куманово – 4.
Во текот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено пообилни во источните региони, каде локално може да надминат 35 l/m². На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои повисоки места и во дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 3 и 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи, особено попладне. Во повисоките делови на котлината се можни врнежи од дожд и снег, а ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 5 степени.















![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=256&q=75&we)







