УТРО.мк

Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра

Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра
Vero

На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран