УТРО.мк

УЈП со важни информации за граѓаните

УЈП со важни информации за граѓаните
Vero

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на доставување до нивната обработка и добивање на декларацијата, просечно поминува еден работен ден.

Со цел побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат истата повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката.

Апелираме даночните обврзници да имаат разбирање и да почекаат на обработка на поднесените пресметки. Сите пристигнати МПИН пресметки како пристигнуваат така се обработуваат и во најголем дел декларациите се доставуваат назад наредниот ден.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран