УТРО.мк

Тридневна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во Македонија

Тридневна посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај во Македонија
Vero

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денеска започнува официјална посета на Македонија, која ќе трае до сабота. Главниот дел од неговата агенда е предвиден за Скопје, каде што ќе оствари средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со клучни претставници на државниот врв. Посетата ќе вклучува и средба со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, кој најави свечен прием за високата делегација. По приемот, делегациите ќе ја посетат џамијата Мустафа Паша, а потоа ќе се упатат кон Старата скопска чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на Скендербег.

Посетата на Бегај ќе се прошири и на Тетово, а градоначалникот Билал Касами најави дека саботата ќе биде посебен момент за градење на регионалната соработка и братските врски меѓу Албанците. „Тетово има чест да го пречека претседателот на Албанија. Оваа посета е значаен чин за зајакнување на пријателството и соработката во регионот!“, напиша Касами на својот Фејсбук профил.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран