УТРО.мк

Тошковски: Имаме докази за подметнати пожари – дел од нив поврзани со организирана структура

Тошковски: Имаме докази за подметнати пожари – дел од нив поврзани со организирана структура
Vero

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека годинава државата покажува дека може многу поинаку и поефикасно да се справи со пожарите. Досега, во врска со случаите на предизвикани пожари, лишени од слобода се 20 лица – дел се во куќен притвор, дел во ефективен, а некои се пуштени на слобода поради малолетна возраст.

„Имаме директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а постојат и соодветни индиции за организирана структура зад некои од нив. Особено симптоматични беа пожарите околу Скопје, кои настанаа истовремено и во близина на витални објекти“, рече Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.

Министерот нагласи дека пироманите кои делувале индивидуално се идентификувани и приведени, а МВР работи на расчистување и на случаите што укажуваат на организирано дејствување.

Според него, Владата навреме реагирала со наредбата за забрана на движење во шумите, што дало резултати, и покрај тоа што ова лето е едно од најжешките и со исклучително сува вегетација.

„Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од претходно. Видливо е присуството на институциите, механизацијата и координираното дејствување на терен“, додаде Тошковски.

Целта на институциите, подвлече министерот, е да покажат дека државата функционира и дека се дејствува навремено, професионално и со посветеност – како чекор кон суштинска европеизација на Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран