По повод 28 Август – Денот на рударите, компанијата „Булмак 2016“ денес им додели награди на најдобрите работници од рудниците „Злетово“ и „Тораница“.
Од свое име и од името на менаџментот, директорот Тони Тоневски изрази благодарност до наградените, но и до сите вработени во „Булмак 2016“ за нивната посветеност, напорна работа и придонес кон развојот на општините Пробиштип и Крива Паланка.
„Нека е честит празникот! Среќно!“, порача Тоневски.