Срам за науката и една од неколку причини за тивкото умирање на научните и високообразовните институции
Не е новина моќното мнозинство да ги трујат научните институции како МАНУ со роднински, пријателски, швалерки и други основи, реагира историчарот Васко Кичевски за скандалот во Македонската академија каде беше исфрлен научник со светско реноме а во игра да остане професорка со десет пати полош научен скор.
Историчарот меѓу редови вели дека однесувањето на Одделението за општествени науки при МАНУ во случајот со Драги Митревски е срам за науката и токму тоа ќе биде една од неколку причини за тивкото умирање на научните и високообразовните институции.
,,Ова не е некоја новина во МАНУ. Не сум бил дел од таа фела, но познавам премногу луѓе од академската елита, кои меѓу другото раскажуваа и вакви приказни, па дури и малку поморбидни. Тоа се едни подводни гребени, кои ќе се интересни во иднина, сега веројатно би биле само трач муабети.