Утрото е ведро и студено, а преку денот времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -8 до -2 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 3 и 10 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -4 степени, а дневната ќе достигне околу 7 степени.



























