УТРО.мк

Македонскиот математички гениј освои злато на Германската олимпијада со максимални поени

Македонскиот математички гениј освои злато на Германската олимпијада со максимални поени
Vero

Македонското чудо од дете уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Мaлиот гениј, Македон Димитровски освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.

Со овој извонреден резултат, малиот Македон се квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи во мај месец во Франкфурт.

„Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови. Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026. Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент. Добивме најубав поклон за Нова година ти благодарамe“, гласеше објавата на Фејсбук на таткото на Македон, кој ја сподели радоста.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран