По повод 81 година од првото емитување на Македонското радио, радио-станицата Канал 103 организира целодневна програмска посвета.
Настанот, под името „Зборуе Радио Скопје“, беше подготвен за да се оддаде почит на долготрајната традиција на националниот радиодифузен сервис, чиј прв говор во етерот беше на 28 декември 1944 година.
Целата програма е структурирана така што ги спојува радио-архивските материјали со современи содржини и нови авторски идеи, со акцент на музички содржини, разговори и различни формати на изразување.



























