УТРО.мк

Среде месец Мај ни се враќа зимата

Среде месец Мај ни се враќа зимата
Vero

Новата седмица која доаѓа носи драматична промена на временските услови низ целиот Европски континент, вклучувајќи го Балканот и Македонија. Според најавите, од северозапад кон регионот ќе се спушти значително постудена воздушна маса која ќе предизвика нагло заладување и температури далеку под просекот за месец мај.

Покрај големиот пад на температурите, се очекуваат и обилни врнежи од дожд, засилен и бурен ветер, како и локална појава на невреме проследено со грмежи. На одредени повисоки и планински места на Балканот можна е и појава на снег, додека во Алпскиот регион се очекуваат обилни снежни врнежи.

Метеоролошките карти покажуваат дека поголем дел од Европа и Балканот ќе бидат под влијание на нестабилна и многу посвежа воздушна маса, што ќе донесе изразена временска нестабилност во текот на следните денови.

Ваквата нагла промена на времето може негативно да влијае и врз здравјето на граѓаните, особено кај метеопатите и хронично болните лица, кај кои се можни главоболки, замор, проблеми со крвниот притисок и зголемена чувствителност.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран