УТРО.мк

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се врвен државен приоритет, почнува и тендер за гасоводот со Србија

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се врвен државен приоритет, почнува и тендер за гасоводот со Србија
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, при што ја истакна стратешката важност на поврзувањето на државата преку клучните коридори 8 и 10.

Според него, инфраструктурните проекти кои моментално се реализираат, од патната и железничката мрежа, до енергетското и гасното поврзување, претставуваат темел на долгорочната визија за Македонија како регионален сообраќаен и енергетски центар.

„Изградбата на современи автопати, модернизацијата на железницата, развојот на брзата пруга долж Коридорот 10, како и енергетското поврзување преку нови далекуводи и гасоводи, се дел од еден поширок стратегиски процес. Интензивно се работи и на гасоводната врска со Грција, а оваа недела ќе биде објавен и тендерот за гасоводот кон Србија, за кој веќе се добиени сите потребни мислења. Во функција е и нафтоводната врска од Солун до Скопје“, истакна премиерот.

Мицкоски нагласи дека со реализацијата на овие проекти земјата се приближува кон целта да стане регионален енергетски и транспортен хаб.

Тој најави и континуирана поддршка од Владата за инфраструктурните вложувања, при што изрази очекување дека во скоро време ќе биде пуштен во употреба и преостанатиот дел од автопатот Кичево – Охрид, како и гасоводната врска со Грција, чија завршница се предвидува во првата половина од следната година.

Автопатот Гостивар – Букојчани, кој се реализира во рамки на проектниот пакет на „Бехтел и Енка“, во моментов е во фаза на интензивна градба, со активни работи на околу 11 од вкупно планираните 31 километар.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран