
Снежни врнежи денеска го зафатија подрачјето на планинскиот превој Ќафасан, во регионот на Поградец, при што е отежнато одвивањето на сообраќајот. Од Управата на полицијата во Елбасан информираат дека во утринските часови е регистрирана појава на мраз кај местото Драгостуње.
Сообраќајната полиција е постојано на терен и им асистира на возилата кои имаат потешкотии или се блокирани поради зимските услови. Од полицијата апелираат возачите да се движат со зголемена внимателност и задолжително да користат зимска опрема, особено синџири.



























