УТРО.мк

Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик: Заврши целосна реконструкција и модернизација

Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик: Заврши целосна реконструкција и модернизација
Vero

Извршена е комплетна трансформација на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“, во Тетово. Реконструкцијата и целосното опремување на сите пет објекти на училиштето создадоа функционални и естетски простории за образование во пет различни струки: машинство, електротехника, угостителство и туризам, земјоделство и рибарство, ветеринарство, како и сообраќај и логистика. Инвестицијата достигна речиси 5 милиони евра, обезбедени од државниот буџет и поддржани со средства од Европската унија.

На денешната промоција присуствуваа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Јаневска истакна дека старите објекти, кои долго време ја носеле историјата на образованието во Тетово, се целосно обновени и опремени со најсовремена информатичка и електромеханичка опрема. „Квалитетот на наставата значително е подигнат, а учениците сега ќе добијат услови за образование според највисоки стандарди, со што се создаваат професионално подготвени кадри кои ќе придонесуваат за индустријата и економијата“, истакна министерката.

Таа посочи дека оваа инфраструктурна инвестиција е дел од заложбите на државата предвидени во Реформската агенда. Според нејзините зборови, до крајот на 2027 година се планираат осум регионални центри за стручно образование и наука, од кои седум веќе се основани, а три функционираат со одлични резултати, вклучувајќи го и тетовскиот центар. Министерката ја изрази благодарноста до Европската унија за финансиската поддршка, до Владата за зголемената инвестиција во образованието и до бизнис заедницата за активно учество во развојот и промоцијата на стручното образование.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран