УТРО.мк

Нов скандал: 29 полицајци откриени со 100 лажни боледувања

Нов скандал: 29 полицајци откриени со 100 лажни боледувања
Vero

Контролите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во Министерството за внатрешни работи открија сериозни неправилности кај службениците. Проверени се 80 вработени во МВР со вкупно 514 боледувања, при што 29 од нив (37%) имале спорни 100 боледувања.

Најчестите проблеми вклучувале честа промена на матични лекари, недостасување на клучни документи како рентген снимки за ишијас или лумбаго, како и надминување на дозволените временски рамки за боледување. Дел од прекршителите дури објавувале слики од странство на социјалните мрежи додека биле на боледување.

ФЗО ги пријави спорните случаи во Внатрешната контрола на МВР, која ќе одлучи за натамошните казни.

Контролите биле спроведени и во 105 приватни здравствени установи, вклучувајќи матични лекари, гинеколози и стоматолози. За утврдените неправилности се изречени казни во вкупен износ од 1,2 милиони денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран