УТРО.мк

Прогласена кризна состојба од 30 дена поради пожарите во Македонија

Прогласена кризна состојба од 30 дена поради пожарите во Македонија
Vero

Владата на Република Северна Македонија прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради сериозната ситуација со пожарите. Одлуката беше донесена на денешната владина седница, а јавноста ја информираше портпаролката Марија Митева на вонредна прес-конференција.

Како што појасни Митева, кризна состојба е неопходна поради сложената состојба на теренот, високите температури, силните ветрови и зголемениот ризик по животната средина и безбедноста на граѓаните.

„Ова овозможува интегриран пристап и координирано делување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, противпожарните служби, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и општините. Ќе бидат мобилизирани сите расположливи човечки, технички и логистички ресурси“, изјави Митева.

Таа најави дека Владата ќе обезбеди итна и навремена поддршка за најпогодените подрачја со цел спречување на поголеми штети и последици.

„Државата ќе биде таму каде што е најпотребна“, подвлече Митева, повикувајќи ги граѓаните на максимална внимателност и строго почитување на забраните за движење во шумски подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран