УТРО.мк

Продолжен рокот за пријавување пожарникари – граѓаните можат да аплицираат до 23 јули

Продолжен рокот за пријавување пожарникари – граѓаните можат да аплицираат до 23 јули
Vero

Владата на Република Македонија го продолжи рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули (среда), со цел да им се даде шанса на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат.

„Ова е значајна мерка за јакнење на капацитетите на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летото, кога ризикот од пожари е зголемен,“ се наведува во соопштението од Владата.

Мерката е дел од Планот за вработување 2025 и претставува прв крупен чекор за системско решавање на долгогодишниот недостиг од кадар во противпожарните единици. Станува збор за најголем ангажман на пожарникари во последните десет години.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран