УТРО.мк

Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година
Vero

Општина Прилеп во 2026 година ќе продолжи со мерки насочени кон задржување на младите преку инвестиции во образование, спорт и културно-забавни содржини, најави градоначалникот Дејан Проданоски.

Тој истакна дека младите остануваат приоритет на локалната власт и дека општината ќе продолжи со доделување стипендии и награди за најталентираните ученици и студенти, како и за оние кои учествуваат на државни и меѓународни натпревари.

„Младите се двигатели на нашата иднина. Општината и во 2026 година ќе продолжи со поттикнување на младите да се едуцираат и да делуваат во Прилеп“, изјави Проданоски.

Според најавите, ќе се обезбеди и логистичка и финансиска поддршка за младински форуми, акции и граѓански организации чиј фокус се младите, со цел нивно поголемо вклучување во јавни дебати, консултации и креирање локални политики.

Во буџетот за 2026 година се предвидени:

– 12.000.000 денари за поддршка на спортски клубови
– 500.000 денари за стипендии за млади талентирани спортисти
– 10.985.000 денари за културни манифестации
– 3.000.000 денари за реконструкција на спортски игралишта

Во текот на годината се планира и отворање на нов Младински центар, како и проширување на програмите за неформално образование, со цел поголема вклученост на младите во проектни иницијативи и создавање побогат културен и забавен живот во градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран