УТРО.мк

Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека со одлична динамика се одвива изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани, како дел од важен инфраструктурен проект за подобрување на патната поврзаност во земјава.

Тој посочи дека активно се работи на секција 2, која треба да го поврзе Гостивар со Букојчани, а понатаму трасата ќе се надоврзе на автопатот кон Тетово, како и на идната делница од Букојчани кон Кичево.

Според Николоски, градежниот сектор бележи значителен раст, при што во третиот квартал од минатата година е регистриран раст од 21 процент, што, како што рече, е рекорден резултат во независна Македонија.

Тој нагласи дека обврските на државата во голема мера се реализирани, при што околу 90 проценти од процесот на експропријација е завршен.

Министерот изрази благодарност за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека целта е автопатот да биде завршен до крајот на 2029 година, без отстапки од предвидениот рок.

Николоски оцени дека напредокот на терен е видлив и дека реализацијата на проектот претставува значаен чекор кон модернизација на инфраструктурата и економски развој на земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран