
Четири лица, меѓу кои и поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, се приведени во акција на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство поради сомнежи за злоупотреби и незаконитости поврзани со тендерска постапка во Царината.
Според првичните информации, акцијата е насочена кон истрага за наводни финансиски малверзации и злоупотреби при спроведување на јавна набавка која произлегува од работењето на Царинската управа.
Меѓу приведените е и Александар Спирковски – Џемо од Прилеп, додека идентитетот на останатите две лица засега не е официјално соопштен.
Стефан Богоев е поранешен директор на Царинската управа, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош.
Од надлежните институции засега нема повеќе детали за предметот, а во текот на денот се очекуваат официјални информации од Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за конкретните сомнежи и опфатот на истрагата.















