
Министерството за образование и наука потсетува дека е во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година, при што рокот за аплицирање завршува на 5 февруари 2026.
Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.
Од МОН посочуваат дека студентите кои ги исполнуваат условите, а досега не аплицирале, можат електронски да поднесат пријава преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Условите и критериумите за остварување на ова право се објавени на официјалната веб-страница на Министерството, на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina.























