УТРО.мк

Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски јасно стави до знаење дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител. Во изјава дадена за Канал 5, тој нагласи дека нејзиното име „апсолутно не е во игра“.

Изјавата доаѓа во период кога постапката за избор на нов шеф на Јавното обвинителство влегува во клучна фаза. Советот на јавни обвинители веќе ѝ доставил на Владата позитивно мислење за четворица од вкупно пет пријавени кандидати, но, според премиерот, записникот сè уште не е формално пристигнат.

Мицкоски посочи дека конечниот став ќе биде соопштен откако Владата ќе ги разгледа официјалните документи. „Не можам да изнесувам лични ставови без увид во записникот“, рече тој, потенцирајќи дека од четирите имиња што добиле поддршка од Советот, три остануваат опција.

Ристоска моментално работи како обвинителка во ОЈО Скопје, а претходно беше дел од Специјално јавно обвинителство. Таа и натаму застапува предмети поврзани со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран