УТРО.мк

Пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија

Пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија
Vero

Со убедливо мнозинство, пратениците на вчерашната седница го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. Од 70 присутни гласачи, 63 се изјаснија „за“, седум гласаа „против“, а нема ниту еден „воздржан“. По изборот, Наумовски во Собранието положи свечена изјава дека својата функција ќе ја извршува совесно и одговорно, строго почитувајќи го Уставот и законите на државата.

Наумовски го пополнува местото што остана празно по оставката на професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември минатата година, која ја напушти функцијата поради здравствени и лични причини.

Дипломиран, магистриран и докториран на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Наумовски го посвети својот академски живот на римското право, сметајќи го за темел на современите правни системи. Тој е редовен професор по римско право на истиот факултет и има богато искуство како правен експерт и советник во областа на законодавството. Во јавноста беше споменуван и како надворешен соработник на премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај наставата, Наумовски активно учествувал на домашни и меѓународни научни конференции и бил ментор на бројни дипломски, магистерски и докторски трудови, градејќи солидна репутација како академик и правен експерт.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран