УТРО.мк

Пожари низ цела држава: Три огнени жаришта сѐ уште активни

Пожари низ цела држава: Три огнени жаришта сѐ уште активни
Vero

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод и Прилеп.

Во општина Студеничани гори мешана шума во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер.

Во општина Македонски Брод пожарот е активен на местото викано „Видуш“, кај селото Драгов Дол и кај селото Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Третиот активен пожар е на територијата на општина Прилеп, во регионот на селото Чаниште. Според ЦУК, пожарот се движи во два правца – едниот кон селото Зовиќ, а другиот кон Крушевица. Опожарена е ниска вегетација.

Пожарот на депонијата во Делчево, според информациите до 7:30 часот, е ставен под контрола.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се пожари и во повеќе општини низ државата. Два пожари биле регистрирани на територијата на Ѓорче Петров, два во регионот на Сарај и два во Штип, додека по три пожари биле регистрирани во Долнени, Кичево и Гостивар.

По еден пожар бил изгаснат во Аеродром, Арачиново, Могила, Новаци, Радовиш, Струмица и Чашка, како и пожар кој зафатил територии на Велес и Зелениково.

Пожари биле регистрирани и во Виница, Кочани, Липково, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце, Брвеница, Тетово и Јегуновце.

Во општините Јегуновце и Сарај горела и мешана шума. Пожарот најпрво избувнал во близина на селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, а потоа се проширил кон селото Бојане во општина Сарај.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin