УТРО.мк

Иран ја губи контролата врз Ормутскиот теснец, САД ја зајакнуваат позицијата

Иран ја губи контролата врз Ормутскиот теснец, САД ја зајакнуваат позицијата
Vero

Иран постепено ја губи контролата врз стратешки важниот Ормутски теснец, додека САД ја зајакнуваат својата позиција во клучниот поморски коридор за транспорт на нафта, објавува CNN.

Според податоците на компанијата Kpler, која го следи поморскиот сообраќај преку сателити и бродски транспондери, повеќе од 80 отсто од регистрираните преминувања низ теснецот во последните две недели се одвивале по оманската рута.

Иран во изминатиот период се обидуваше да ја наметне својата контрола врз пловниот коридор и да наплаќа транзитни такси, а беа регистрирани и напади врз бродови кои се обидувале да поминат по рутите на кои Техеран се спротивставува.

Сепак, се поголем број бродови ги игнорираат иранските барања и продолжуваат да пловат, потпирајќи се на присуството и заштитата на американската морнарица.

„Сите индикации се дека Иран барем делумно ја изгубил контролата врз теснецот“, изјави Хомајун Фалакшахи, главен аналитичар за сурова нафта во Kpler.

Промената е значителна во споредба со ситуацијата од пред еден месец, кога речиси и да немало сообраќај по оманската рута. Падот на сообраќајот по рутата што ја преферира Иран воедно го отежнал обидот на Техеран да наплаќа транзитни такси.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека не може да се зборува за целосна американска контрола врз теснецот. Иранските напади продолжуваат, а транспортот на нафта сè уште е под нивото забележано пред конфликтот.

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт минатата недела изјави дека транспортот на нафта низ теснецот и околните рути достигнал околу 15 милиони барели дневно, што е значително поблиску до просекот од околу 20 милиони барели дневно пред војната.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз Ормутскиот теснец. Но, според аналитичарите, реалната состојба е посложена.

„Ако нивната цел беше да се наметнат како главен актер, би рекол дека никогаш немале целосна контрола. Нивната цел се чини дека е одвраќање за да ја потврдат својата моќ“, оцени Ден Пикеринг од Pickering Energy Partners.

Дополнителна неизвесност создаваат разговорите меѓу Оман и Иран за можно враќање на слободната пловидба низ теснецот. Во преговорите, според достапните информации, не учествуваат САД.

Аналитичарите оценуваат дека, и покрај продолжувањето на иранското влијание и ризикот за бродовите, податоците за поморскиот сообраќај укажуваат дека контролата и способноста на Иран да го ограничува движењето низ Ормутскиот теснец се значително ослабени во однос на претходните месеци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin