
ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Николоски во објава на социјалните мрежи порача дека ВМРО-ДПМНЕ, според него, е единствената политичка партија која од своето формирање имала јасна определба за самостојна Македонија.
– ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која секогаш била со јасна определба за самостојна Македонија. Единствена партија која секогаш била на страната на Македонија од самиот почеток до денес – порача Николоски.
Тој нагласи дека развојот на државата треба да се темели на конкретни проекти, економски политики и крупни инфраструктурни инвестиции кои директно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.

– Македонија се гради со проекти, со паметни политики, со крупни инфраструктурни проекти кои ја подобруваат економијата и квалитетот на живот на сите граѓани – истакна Николоски.
Осврнувајќи се на актуелната состојба во партијата, тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е посилно и пообединето од кога било досега.
– ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење, обединети како никогаш претходно. Во партијата има единство, труд и заедничка работа – порача Николоски.
По повод 36-годишнината на прилепскиот Општински комитет, Николоски упати благодарност и до членовите и активистите на партијата за нивниот ангажман.
„Благодарност за секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ, за секој еден активист! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!“, напиша Николоски.

















