
Се подготвуваме за екстремно студен завршеток на годината. Денешниот последен ден ќе донесе сонце, но и студ што ќе ги опфати сите делови на земјата. Според најавите на УХМР, силен северен ветер ќе ја засили студот, а на некои места ќе се појави и провејување на снег.
Максималните дневни температури ќе се движат помеѓу -3 и 6 степени, додека утринските часови ќе бидат исклучително ледени со минимуми до -10 степени. Во Скопје, пак, се очекува претежно сончево време со умерен северен ветер и дневна температура до 3 степени.



























