УТРО.мк

Поранешниот државен правобранител останува зад решетки: Судот го продолжи притворот за уште 30 дена

Поранешниот државен правобранител останува зад решетки: Судот го продолжи притворот за уште 30 дена
Vero
fehmi stafa
fehmi stafa

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа останува зад решетки откако Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена. Првичното едномесечно задржување, по неговото апсење на 13 декември минатата година, веќе истекуваше, но судот оцени дека постојат доволни причини за продолжување на притворот.

Стафа е осомничен дека во периодот од октомври до 13 декември примил вкупно 50.000 евра за да влијае кај судија од Апелацискиот суд Скопје. Целта била да се повлијае врз одлука во предметот против негов клиент, Љупчо Пецов – познат по прекарот Ѓаволот – кој претходно бил во бегство. Како што наведува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Стафа требало да посредува за укинување на мерка притвор за Пецов, прекршувајќи го законот.

Веднаш по примањето на парите, Стафа бил приведен, а кај него биле пронајдени и одземени целосните парични средства.

Месецот пред апсењето, Стафа поднел барање за замена на мерката притвор на Пецов со куќен притвор, во отсуство на клиентот, при што било понудено и гаранциско обезбедување. Неколку дена по апсењето на Стафа, на 16 декември, Пецов доброволно се пријавил на органите на прогонот и веднаш бил изведен пред судија на претходна постапка. На барање на обвинителството, судот ја замени мерката притвор со куќен притвор, со дополнителен 24-часовен надзор од МВР и со одземање на двата пасоши на Пецов, земајќи ја предвид неговата здравствена состојба и ризикот за лична безбедност во притвор.

Пецов е еден од обвинетите во случајот „Синџир“, отвoрен во октомври 2023 година, каде беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, обвинети за даночно затајување. Според истрагата, преку фиктивни фактури тие ја оштетиле државата за околу осум милиони евра.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран