УТРО.мк

Македонците во Албанија ја прославија Стара нова година и Василица

Македонците во Албанија ја прославија Стара нова година и Василица
Vero

Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.

Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец  домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка.

Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта, вели Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Во исто време од име на друштвото, упати честитка по повод Православна Нова година, до сите Македонците во Албанија, во татковината и дијаспората, со желби за здравје, среќа и благосостојба.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран