УТРО.мк

Електроснабдувањето во Србија се стабилизира, вонредната состојба останува во осум општини

Електроснабдувањето во Србија се стабилизира, вонредната состојба останува во осум општини
Vero
srbija
srbija

Снабдувањето со електрична енергија во Србија постепено се враќа во нормала, а состојбата на терен е значително постабилна, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Сепак, тој нагласи дека борбата со последиците сè уште не е завршена и дека вонредната состојба останува на сила во дел од земјата.

По укинувањето на вонредните мерки во Пријепоље и Лозница, тие и понатаму важат во осум локални самоуправи – Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Мајданпек, Сјеница, Ивањица, како и во одредени делови од општината Лучани.

Дачиќ информираше дека државата презела дополнителни мерки за обезбедување непречено функционирање на клучните системи. На располагање се ставени 19 моќни агрегати, кои овозможуваат континуирано снабдување со електрична енергија и нормално функционирање на секојдневниот живот во погодените подрачја.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран