УТРО.мк

Вевчанскиот карневал ја затвора сцената со традиционалното василичарско оро и палење на маските

Вевчанскиот карневал ја затвора сцената со традиционалното василичарско оро и палење на маските
Vero
vevcanski karneval
vevcanski karneval

Вевчани денеска попладне ја затвори својата годинашна карневалска фиеста со спектакуларно палење на маските и традиционално василичарско оро. Овој обичај, кој симболизира бркање на злото, за локалните жители значи прочистување и подготовка за Новата година според Јулијанскиот календар.

Во текот на денот, маскираните учесници, предводени од зетот и невестата, под заштита на ѓаволи и „глупави августи“, ги посетуваа домовите на семејства кои го носат името на Свети Василиј. Поворката не беше само традиционален обред – таа се претвори во жив сатиричен театар, каде креативните Вевчанци на свој, духовит начин ги коментираа актуелните теми од земјата и светот.

Мигрантските кампови во Македонија, политичката сцена во државата, инвестиции во Дубаи, ограничувањето на нафтата и финансиската помош на САД за Куба беа само дел од темите кои маските ги „оживеаја“. На сцената се најде и виртуелната министерка од Албанската влада, а внимание привлекоа и сатирични претставувања на светските лидери – Владимир Путин и Доналд Трамп. Локалната политика, вклучувајќи ја кампањата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и движењето ЗНАМ, исто така, беше претставена преку креативни групни маски.

Во карневалската парада се појави и „Шареното племе“ од Африка, кое симболично го „бркаше злото“. Оркестарот со зурли и тапани ја следеше поворката, создавајќи магична атмосфера на традиција, музика и хумор.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран