Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „МојДДВ“
Не се размислува за укинување на мерката „МојДДВ“. Останува како и досега, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, откако директорката на УЈП оцени дека мерката не го дава посакуваниот ефект.