
Еден од кандидатите за иден јавен (државен) обвинител – Владимир Панчевски изјави дека ќе бара разрешување на обвинителката Ленче Ристоска, и таа еден од кандидатите за наведената функција против чие незаконско работење јавно се огласи и поранешната разрешена обвинителка од СЈО Лејла Кадриу.
Аедницата на Советот на јавни обвинители е најавена за наредната ендела на која треба да се разгледуваат петте кандидатури за државен обвинител на која треба да се разгледуваат петте кандидатури за државен обвинител – на в.д. обвинителката Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески и поранешниот судија и претсдател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски.
Повеќето од кандидатите за републички јавен обвинител доставиле програма за својата работа – се залагаат за транспарентно, професионално обвинителство, борба против корупцијата, отворање граѓански канцеларии, но она што паѓа в очи во оваа „битка“ за главното обвинителско столче е најавата на еден од кандидатите – Владимир Панчевски – дека ќе бара разрешување на неговата противкандидатка Ленче Ристоска.
Панчевски, притоа, одговори на прашањето на Слободен печет, дали имаат програма и кои се нивните планови како иден јавен обвинител.
– Доставив програма, иако кандидатите не се должни да доставуваат програма за оваа функција. Нема да откривам детали, програмата е развојна, со акцент кон граѓаните и нивните очекувања и има околу 50 страници.
Да почекаме со изборот на еден од кандидатите. Целта ми е отворање кон граѓаните со граѓански канцеларии во секое јавно обвинителство. Нема повеќе само „допрен глас“ кој може и да не допре, туку обврска директно гласот на граѓанинот да дојде и да извести и пријави за својата мака.
Секако, сите кандидати имаат свои квалитети, сите лично ги познавам и сум имал лична соработка, освен негативното искуство со Ристоска, која водеше постапка против мене, за која сега сум во комуникација со Стразбур и очекувам позитивен исход, по кој во постапка ќе поднесам барање до институциите на РСМ за нејзино разрешување поради одлука на Стразбур, нормално и надоместок на штета– изјави Панчевски за Слободен печат.























