УТРО.мк

Пет дена без институционален одговор: Семјествата на загинатите од дискотеката „Пулс“ се обраќаат директно до Судска медицина

Пет дена без институционален одговор: Семјествата на загинатите од дискотеката „Пулс“ се обраќаат директно до Судска медицина
Vero

Пет дена откако побараа одговори, дел од семејствата на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово упатија кон Судска медицина, во очајна потрага по обдукциските наоди. Родителите велат дека институциите повеќе од една година ги оставаат без клучни информации за причините за смртта на нивните деца.

Александар Наунов, татко на загинатата Надица, со огорченост истакна дека и покрај низа дописи и барања, одговори сè уште нема. „Побаравме јасно: дали се направени токсиколошки анализи, дали било проверувано присуството на цијаниди и што точно покажуваат резултатите. Два месеци поминаа, одговор нема“, изјави тој.

Наунов ги обвинува институциите дека постојано ја префрлаат одговорноста едни на други. „ПМФ нè упатува кон ОЈО Кочани. ОЈО молчи. Судска медицина молчи“, додава тој, истакнувајќи дека семејствата остануваат во информациски вакуум.

Таткото поставува и низа суштински прашања за самиот процес на истрага: дали биле земени биолошки примероци, што точно е анализирано и дали воопшто постојат токсиколошки резултати. „Зошто се правеше обдукција ако работата не е завршена целосно? Кого штитите, државата или институциите?“ прашува Наунов со огорченост.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран