УТРО.мк

Пациент со западнонилска треска во критична состојба, приклучен на респиратор на Инфективна

Пациент со западнонилска треска во критична состојба, приклучен на респиратор на Инфективна
Vero

Пациент на возраст од 76 години заразен со вирусот на западнонилската треска се наоѓа во тешка и животозагрозувачка состојба на Клиниката за инфективни болести, откако развил тешка форма на воспаление на мозокот – енцефалитис.

Според здравствените власти, пациентот е сместен на Одделот за интензивна нега и е приклучен на респираторна поддршка поради критичната состојба.

„За жал, 76-годишниот пациент има тешка клиничка слика и се наоѓа во Одделот за интензивна нега. Тој е поставен на респираторна поддршка бидејќи неговата состојба е критична. Останатите хоспитализирани пациенти се стабилни и се префрлени на лекување во Одделот за невроинфекции“, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана.

Епидемиолошките анкети покажале дека пациентот во изминатиот период не патувал надвор од Македонија, што укажува дека заразата ја добил локално, преку убод од комарец-преносител на вирусот.

Со овој случај, бројот на официјално регистрирани заболени од западнонилска треска во земјава се искачи на осум.

Надлежните посочуваат дека најголемиот број од заболените се лица од повозрасни категории, кај кои исто така не е утврдено патување во странство. Најголема концентрација на случаи е забележана во Скопје и Велес.

Здравствените институции апелираат до граѓаните, особено до повозрасните лица и хронично болните, да преземат мерки за заштита од убоди од комарци – користење репеленти, носење соодветна облека и избегнување престој во близина на стоечки води во периодите кога комарците се најактивни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin