УТРО.мк

Осумнаесет пожари на отворен простор низ Македонија, два сè уште активни

Осумнаесет пожари на отворен простор низ Македонија, два сè уште активни
Vero

Заклучно со утрово, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три под контрола, а 13 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во општина Долнени, кај селата Црнилиште и Долгаец, каде што гори нискостеблеста вегетација, како и во општина Липково, во атарот на селото Никуштак, каде што зафатена е мешана шума.

Под контрола се пожарите на планината Кожуф во општина Гевгелија, во Повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод и на депонијата во населбата Вардариште во општина Гази Баба.

Преостанатите 13 пожари, регистрирани во повеќе општини, се изгаснати.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран