УТРО.мк

Нови искази на денешното рочиште за пожарот во дискотеката во Кочани

Нови искази на денешното рочиште за пожарот во дискотеката во Кочани
Vero

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде минатата година животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште, под засилени безбедносни мерки и во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста, Јавното обвинителство продолжи со изведување сведоци.

Меѓу првите сведоци беше придружниот вокал на групата ДНК, Ана Костадиновска. Таа потврди дека никогаш не видела кој ги поставувал или активирал прскалките во клубовите каде настапувале, наведувајќи дека тоа најверојатно било одговорност на техничкото лице на објектот. Опишувајќи ја ноќта на трагедијата, Костадиновска рече дека веднаш по почетокот на настапот почувствувала топлина, а вокалот Панчо ги повикал присутните да ја напуштат дискотеката. Сепак, во првите моменти никој не ја сфатил сериозно опасноста.

Музичарот Горан Тонев додаде дека пиротехниката веќе била поставена кога бендот се качил на бината, но дека не знаел кој ја активирал.

Преживеаните гости сведочеа дека по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, што предизвикало паника и стампедо кон излезите, додека трагедијата се одвивала со неверојатна брзина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран