Вчера по полноќ настрада млад возач во сообраќајна несреќа.
– На 17.08.2025 во 01:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на угостителски објект, патничко моторно возило „мерцедес” со германски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од с.Ростуше, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Ургентен центар во Гостивар, извстија од полицијата во дневниот билтен.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.