
Градежниот сектор бележи значителен раст во второто тримесечје од 2026 година, со зголемување од 21,9 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, посочи дека во периодот се завршени градежни работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари, односно приближно 242 милиони евра.
„Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија“, порача Николоски.
Според него, позитивните резултати се потврда дека владините политики и инвестициите во инфраструктура даваат резултати.
Николоски најави дека инвестициите во автопати, експресни патишта, железничка инфраструктура, аеродроми, како и повеќе од 1.200 проекти во општините, ќе продолжат со уште позасилено темпо.
„Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија!“, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски.

















