УТРО.мк

Над 20.000 починати за една година во Македонија – Ова е најчестата причина

Над 20.000 починати за една година во Македонија – Ова е најчестата причина
Vero

Во текот на 2025 година во Македонија се регистрирани вкупно 20.287 починати лица, што е за 0,4 проценти повеќе во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број починати, 10.498 биле мажи, а 9.789 жени. Во статистиката се евидентирани и 62 починати доенчиња, што претставува 0,3 проценти од вкупниот број смртни случаи во земјата.

Најмногу смртни случаи биле регистрирани во јануари, кога животот го загубиле 2.002 лица, додека најмал број починати биле евидентирани во април – 1.506.

Според податоците, просечната возраст на починатите мажи изнесувала 72,2 години, а кај жените 76,6 години. Тоа покажува дека жените во просек живеат 4,4 години подолго од мажите.

Анализата на причините за смртност покажува дека болестите на циркулаторниот систем остануваат водечка причина за смрт во државата. Дури 34 проценти од починатите животот го загубиле поради заболувања на срцето и крвните садови.

На второ место се малигните заболувања, кои учествуваат со 19,6 проценти во вкупната смртност. Следуваат ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 6,5 проценти, како и болестите на респираторниот систем со 3,7 проценти.

Податоците на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кардиоваскуларните заболувања и натаму претставуваат најголем здравствен предизвик и главна причина за смртност кај населението во земјава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin