УТРО.мк

Бегство од полицијата заврши со удар во дрво – осомничениот побегнал

Бегство од полицијата заврши со удар во дрво – осомничениот побегнал
Vero

Полицијата трага по возач кој со возило со несоодветни регистарски таблички превезувал мигранти, откако избегал по полициска потера и сообраќајна незгода во близина на селото Блаце, општина Петровец.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 17 јуни околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ со регистарски таблички кои припаѓале на друго возило.

Возачот не застанал на даден знак за запирање, по што на клучката Миладиновци го променил правецот на движење и продолжил по земјен пат кон селото Блаце. Таму изгубил контрола и удрил во дрво, а потоа го напуштил местото на настанот.

По пребарување на теренот, полициските службеници го пронашле возилото, во кое биле затекнати 12 мигранти. Од нив, петмина биле државјани на Египет, а останатите од Турција.

Мигрантите биле префрлени и сместени во Транзитниот центар Табановце.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin