УТРО.мк

На УКИМ денес избор на нов ректор: Академската заедница избира меѓу двајца кандидати

На УКИМ денес избор на нов ректор: Академската заедница избира меѓу двајца кандидати
Vero

Денес од 12 до 14 часот на сите единици во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се спроведува тајно гласање за избор на нов ректор, во кое наставно-научниот кадар одлучува меѓу двајца кандидати.

Во трката за функцијата ректор се проф. д-р Биљана Ангелова и проф. д-р Дарко Данев, кои претходно ја поднесоа својата кандидатура на јавниот оглас за мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година.

Ангелова, актуелно кадар од Економскиот институт и кандидат за втор мандат, се соочува со Данев, редовен професор на Машинскиот факултет и поранешен декан на таа единица.

Во изминатата недела на веб-страницата на УКИМ беа објавени нивните работни програми, како и детални биографски и библиографски податоци, со што беше заокружена официјалната презентација пред изборниот ден.

Право на глас имаат сите членови на факултетите и институтите во рамки на универзитетот, кои се внесени во единствениот избирачки список изготвен од Универзитетската изборна комисија.

Според изборниот календар, вчера изборните комисии на единиците го подигнаа потребниот материјал од УИК, со што беа финализирани техничките подготовки за гласањето.

Првичните резултати се очекува да бидат објавени уште вечерва, по затворањето на гласачките места. Потоа следува рок за приговори кој ќе трае неколку дена, од 29 април до 5 мај.

Процесот предвидува и можност за евентуално прегласување, доколку за тоа има потреба, како и дополнителни рокови за приговори и нивно разгледување. Конечната одлука за тоа кој ќе го води УКИМ во следниот тригодишен мандат треба да биде соопштена на 14 мај.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран