УТРО.мк

На денешен ден 20 март започнала валандовската акција – една од најголемите операции на ВМРО во 1915 година

На денешен ден 20 март започнала валандовската акција – една од најголемите операции на ВМРО во 1915 година
Vero

На денешен ден, 20 март 1915 година, започнала една од најзначајните акции во историјата на ВМРО – познатата Валандовска акција, насочена против српските сили на подрачјето на југоисточна Вардарска Македонија, во реонот на Валандово, Пирава и Удово.


Акцијата била организирана како одговор на насилствата и теророт по српската окупација, но и со стратегиска цел да се наруши снабдувањето на српската војска по линијата Солун–Скопје и да се изврши притисок во период кога се воделе важни преговори за иднината на Македонија.


Во операцијата учествувале околу 1.500 борци, меѓу кои комити и припадници на селската милиција, предводени од познати војводи како Петар Чаулев, Ване Стојанов, Љубомир Весов, Панајот Карамифилов и други револуционери.
Борбите започнале на 20 март, кога дел од силите успеале да влезат во Валандово, додека жестоки судири се воделе и кај Пирава и Удово.

Конфликтот траел повеќе денови и кулминирал на 2 април, кога по силниот притисок српските сили биле принудени да се повлечат од Валандово.
По заземањето на градот, бил одржан собир со локалното население, каде се зборувало за ослободување и иднината на Македонија.


Во вечерните часови на 2 април, четите на ВМРО се повлекле кон Пиринска Македонија, со што завршила акцијата.
Според историските податоци, во судирите ВМРО загубило околу 40 борци, додека на српската страна загинале околу 470 војници и 7 офицери. Дополнително, 353 војници и 8 офицери биле заробени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран