УТРО.мк

Состојба на патиштата утрово: Еве што ги чека возачите низ Македонија

Состојба на патиштата утрово: Еве што ги чека возачите низ Македонија
Vero

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено и по претежно суви коловози, информираат од АМСМ во најновиот извештај.


Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да внимаваат на делниците низ клисури, котлини и речни долини, каде постои можност од појава на одрони.


Во однос на патната инфраструктура, на повеќе делници низ државата има активни градежни работи и времен режим на сообраќај. Меѓу нив се делници од автопатот кај Блаце, патниот правец Прилеп–Битола, како и повеќе регионални патишта каде сообраќајот се одвива со пренасочување или ограничувања.


Исто така, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај до крајот на март.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран