
Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска го најави успешното завршување на капиталниот проект за реконструкција и асфалтирање на улицата „Браќа Јаниќ“ во село Брвеница. Проектот опфаќа 460 метри нов асфалт, со вкупна вредност од 9.842.750 денари, по целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
„Ова не е само проект – ова е порака дека градиме темелно, од основа, и инвестираме во иднината на нашите граѓани. Секој метар нов асфалт значи поголема безбедност, подобра поврзаност и повисок квалитет на живот“, истакна Илиевски.






















