
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски.
KfW е еден од клучните партнери на Македонија за реализација на проекти кои придонесуваат за стабилен и модерен енергетски систем. На средбата се дискутираа конкретни инвестиции, меѓу кои втората фаза на ветерниот парк Богданци, енергетските проекти во Битола и нови проекти во обновливи извори.























