УТРО.мк

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO со детали за случајот

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO со детали за случајот
Vero

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик, информираат од ЈО.

Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавниот обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата, велат од обвинителството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран